Граѓаните на Македонија заслужуваат најголем кредит, бидејќи предолго го чекаа овој момент. Разбирам зошто се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој долг пат кон Европа. Но, ние немаме друга алтернатива која ќе ни овозможи подобар животен стандард, нагласи попладнево премиерот Димитар Ковачевски на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД).
Премиерот нагласи дека и покрај сите потешкотии, Европската Унија е се уште најдобрата опција.
– Ние едноставно ја немаме ниту можноста, ниту привилегијата да се откажеме сега. Сега е вистинското време да продолжиме со полна пареа уште побрзо напред. Членството на Македонија во ЕУ е од суштинско значење и за самата ЕУ посебно во новите околности на глобален план, истакна Ковачевски кој додаде дека мора да се осигура евроинтеграцискиот демократски пат на Западниот Балкан како придонес во европскиот мир.
Тој посочи дека Македонија работи низ фокус на решенија и низ заедништво во предизвиците кои не познаваат државни граници, етнички, јазични, религиски или други разлики.
– Сите сме на истиот брод и немаме друг избор освен солидарно да се поставиме едни кон други и обединето да дејствуваме во одбраната и унапредувањето на основните вредности – слободата и мирот во светот. Мирот се постигнува преку компромиси, но се чува со меѓусебно разбирање, рече премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.