Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се огласи во врска со пожарот на социјалната мрежа фејзбук доцна вечерва. Екипите на МВР навремено пружија поддршка за локализирање на пожарот, информира Ковачевски.

Вечерва телефонски разговарав со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски за да се информирам за состојбата со пожарот во фабриката „Жито Битола“. Министерот Спасовски и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се во постојана комуникација со општината, а екипите на МВР навремено пружија поддршка за локализирање на пожарот. Благовремената и координирана реакција го спречи ширењето на пожарот и предизвикување на поголема штета, се вели во постот на Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.