Димитар Ковачевски веднаш, уште денес да ги достави предлог за уставни измени во Собранието на Македонија, за да се соочи со фактот дека нема двотретинско мнозинство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И кога нема да поминат овие уставни измени, кукавицата Димитар Ковачевски  да си поднесе неотповиклива оставка.

Тоа што кажува дека нема да си поднесе оставка доколку не поминат уставните измени покажува дека тој е само еден уплашен човек, кој бега од соочување со народот по секоја цена. Ковачевски единствено мисли само како да помине ден повеќе на удобната фотелја, а со тоа и да украде некој денар повеќе и да намести некој тендер, дали за него и неговото семејство, дали за неговиот шеф Ахмети.

Лажниот патриот на батерии кои што глуми кавга со Радев прави само уште еден очаен маневар се со цел да спаси нешто од неговиот уништен рејтинг.

Факт дека Димитар Ковачевски и покрај тоа што бега од соочување со народот, бега и од дебата со претседателот Мицкоски на крај Ковачевски ќе почне да бега и од сопствената сенка. Е до толку е исплашен Ковачевски.

Но Димитар Ковачевски треба да биде сигурен дека нема да избега од одговорноста за сите предавства и целиот криминал кој го прави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.