Премиерот Димитар Ковачевски, порача дека Македонците во Албанија не треба да чувствуваат притисок и слободно треба да се изразат на претстојниот попис во земјата.

Ковачевски нагласува дека е сигурен оти Албанија ќе спроведе попис по европски стандарди и дека ќе реагира доколку има притисоци и влијаниа врз македонското малцинство.

Што се однесува до Македонците во Албанија, тоа е етаблирана заедница која има своја политичка партија. Имаат пратеник во Собранието, градоначалник…Ние како држава сме секогаш присутни меѓу нив. Врз основа на пописот секој од нив ќе може слободно да се изрази во Албанија како Македонец, нормално и секој притисок доколку таков постои, не треба да подлегнуваат на него. А, она што го знам, е дека Албанија ќе го спроведе пописот врз основа на сите највисоки стандади на ЕУ и на Евростат, сигурно дека ќе спречи притисоци во поглед на какво било влијание врз кој било граѓанин без разлика на неговата етничка припадност – изјави Ковачевски.

Премиерот за проблемите на Македонците во Албанија ќе разговара и со неговиот албански колега Рама на претстојниот самит на Отворен Балкан во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.