По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, премиерот Димитар Ковачевски, го посети манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, од каде упати честитка до христијанските верници.

Денешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица е празник на почит, љубов, разбирање, зацврстување на нашата волја да правиме добри дела. Пресветата Богородица е заштитничка на Општина Крива Паланка и на овој голем празник, денеска од манастирот Свети Јоаким Осоговски, упатувам искрена честитка до сите христијански верници. Посакувам добро здравје, мир и благосостојба за сите. Нека е за многу години празникот – порачува Ковачевски во честитката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.