Денес во посета на прилепската болница дојде Димитар Ковачевски, по повод пуштање во употреба на апарат и оддел за магнетна резонанца. Колку за потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, крупните инвестиции во здравството беа секојдневие. Сега, дури после 5 години власт на СДСМ, конечно ние прилепчани, дочекавме некаква инвестиција во прилепската болница, во истата болница каде за време на грејната сезона немаше затоплување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Во продолжение интегрален текст од нивната прес-конференција:

Во болницата каде мамографот подолг период не е во функција и апартите не се одржуваат, во болницата во која долгот е сериозно зголемен од кога ја менаџираат кадри на СДСМ. Како не му е срам на премиерот Ковачески да доаѓа во болницата во која имаше најмногу смртни случаи за враме на Ковид – пандемијата!

Прашуваме, зошто Ковачевски, повторно ги избегна тутунарите, на кои се уште не им се исплатени субвенциите? Ги праша ли воопшто некој од владата овие луѓе како набавуваат репроматеријали и нафта, како преживуваат и како врзуваат крај со крај? Дали е целта уништување на тутунопроизводството, се со цел задоволување на фамилијата т.е. мафијата да го користи регионот за производство на марихуана?

Какви мерки презема Ковачески за безбедносната состојба во Прилеп кој се повеќе наликува на нарко мафијашки град во кој секојдневно има тепачки, пукање со огнени оружја во угостителски објекти, запалени автомобили, тешки кражби и убиства? Дали ваквата состојба се должи на поддршката на сторителите на криминал од страна на истакнати функционери на СДСМ во Прилеп? Дали ќе преземе нешто против сериозните скандали за вмешаност во криминал на високи полициски службеници?

За жал неспособноста на Ковачевски и владата предводена од СДС најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб.

Во овие 100 дена старо-нова влада предводена од Ковачевски, како продолжена рака на деструктивните политики на Зоран Заев, нема ништо друго освен растечка сиромаштија, високи цени на основни прехранбени продукти, зголемени сметки и давачки, национално понижување, тргување со националните интереси.

Почитувани, на Македонија и’ се потребни предвремени избори час поскоро, бидејќи тоа е единствениот начин за спас од неспособноста на СДСМ и Ковачевски. Избори, за да се стави крај на недомаќинското работење, нерационалното трошење пари, огромното задолжување, крај на бедата и сиромаштијата кои ги имаат зафатено граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.