Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27 Јануари напиша на фејсбук да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција.
Денеска, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на холокаустот, до нас допираат судбините на сите жртви во нацистичките логори на смртта. Секој од нив има своја порака за сите нас, судбините на тие луѓе никогаш не треба да ги заборавиме. Наша обврска е да го одржуваме споменот за нив и нивното страдање, во историските учебници, преку образованието. Тоа е наша цивилизациска обврска. Да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, и да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција, објави Ковачевски.
Никогаш да не се заборави, за да не се повтори, напиша Ковачевски на Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.