Референдумот што го бара Христијан Мицкоски е само за внатрешна партиска и политичка употреба во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи е против зачленување во ЕУ и тоа барање е нерелевантно, почнавме преговори со ЕУ и нема враќање назад, истакна премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Тетово.
Република Македонија ги почна преговорите и тоа ги почнавме со чист македонски јазик, со заштитен идентитет, напишано на хартија и потврдено од претставници на Европската комисија. Оваа држава од денот на одржувањето на првата меѓувладина конференција, го започна патот кон зачленување во ЕУ. Од тој пат нема ниту назад, нема ниту лево, а уште помалку има десно кон Исток, така што сосема е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кој треба да биде против зачленување во ЕУ, посочи Ковачевски.
Ковачевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија која беше против членството во НАТО, а сега заедно со новиот коалициски партнер Левица се единствените партии што се против членството во ЕУ и тоа го покажаа и во Собранието кога се гласаа Заклучоците кои обезбедија почеток на преговорите со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.