Во разговори со претставници на јавното здравство и на приватните здравствени установи треба да се бара начин за формирање на оптимална цена на тестовите за Ковид-19, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се подобри состојбата со оглед дека тестови нема во државните установи, а граѓаните алармираат на високи цени во приватните центри, премиерот кажа дека веќе разговарале со министерот за здравство Беким Сали дека бројот на тестови за Ковид-19 во јавното здравство ги има во доволен број и во однос на цената во приватното здравство.

Ние веќе разговараме со министерот за здравство во однос на количините на тестови кои што ги има во јавното здравство кои се на доволно ниво и во однос на цената која што се нуди во приватното здравство. И нормално ќе треба да се седне заедно и со оние кои што во приватното здравство ги нудат бидејќи се работи за приватни економски оператори и да се види која би можело да биде оптималната цена која би можеле да ја имаме оваа есен бидејќи како што гледаме короната се уште е присутна во светски рамки не само кај нас. Бројките растат, истакна Ковачевски од Тетово.

Според него, добро е што е створено одредено ниво на колективен имунитет во општеството.

Со тоа болничките капацитети не се преоптеретени како што беше при првите бранови во 2020 особено. Целиот здраствен сектор е подготвен, нашите здравствените работници имаат искуство во однос на справувањето исто така и граѓаните имаат поголемо искуство во однос на совата личната заштита и третирање, изјави Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.