Премиерот Димитар Ковачевски имал средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, која, како што информира владина прес-служба, ја пренела цврстата одлучност на САД да продолжат и понатаму да ја поддржуваат Македонија, високо ценејќи ги досегашните одлуки кои Владата ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО.

Средбата е дел од редовниот дијалог со американската амбасадорка по однос на заеднички теми од дневен ред во односите меѓу двете земји и доаѓа по посетата на премиерот Ковачевски на САД, минатата недела.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за недвосмислената поддршка за нашата земја добиена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен на средбата која се одржа на 9 Мај во Вашингтон, а посебно во пресрет на следните чекори во евро-интегративниот процес на земјата. Заемно беше нагласена заложбата за севкупен развој на пријателските, билатерални и економски односи меѓу Македонија и САД, како сојузници во НАТО, но и како две земји кои споделуваат заеднички вредности, се наведува во соопштението владината прес-служба



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.