Во рамки на претседавањето на Македонија со САД – Јадранската Повелба, на 19 мај, во просториите на Министерството за надворешни работи ќе се одржи конференција за стратешки комуникации, насловена „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеноста на институциите за одбрана од хибридни влијанија“.

Конференцијата има за цел размена на мислења и искуства меѓу претставници на државни институции на земјите учеснички и набљудувачи на А5, претставници на медиумската и експертската фела за ефикасните мерки при справување со лажните вести и дезинформациите како и важноста на мерките за подигнување на нивото на медиумската писменост на граѓаните, особено младите. Во фокус на настанот ќе биде и подготвеноста на институциите за справување со дезинформациите во социјалните медиуми, имајќи ги предвид слободата на медиумите и слободата на изразување.

Конференцијата почнува во 10 часот со воведни обраќања на државниот секретар на министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.