Денес Владата донесе одлука за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените. Во услови на можни нови покачувања на цените на производите интервенираме и го штитиме стандардот на граѓаните, пишува премиерот Димитар Ковачевски во фејсбук статус.
Заклучно со 30 септември 2022 година се ограничуваат:
– За леб бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало;
– За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.
Продолжуваат интензивно и контролите за трговците. Според наодите на инспекторите одредени трговци направиле драстично зголемување на маржите и истите соодветно се санкционираат, пишува Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.