Стево Пендаровски ги сруши Македонските позиции и ја понижи нацијата кога кажа дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин.

Стево Пендаровски беше поздравен и охрабрен за овој свој став лично од Андреј Ковачев. За разлика од поддршката за Пендаровски, Ковачев го нападна претседателот Мицкоски затоа што го повикал Стево да се повлече од тие негови ставови, вели Миле Лефков.

И наместо да се срами од поддршката на Андреј Ковачев, Стево Пендаровски лично се пофали дека имал директна поддршка од Андреј Ковачев, како што тој самиот вели „евродепутатот од ГЕРБ”. По што Андреј Ковачев уште еднаш го поздрави, пофали и охрабри.

Ова покажува кој ги урниса македонските позиции, и зошто Македонија е понижена и блокирана.
За разлика од Стево Пендаровски и СДС, ВМРО-ДПМНЕ е на линија на македонските национални интереси.

Лично Стево Пендаровски и СДС истапија со тезите на најголемите бугарски шовинисти, тези кои никој во Бугарија не верувал дека ќе бидат прифатени од било кој македонски политичар, и кои се граничат со научна фантастика и до пред доаѓањето на Пендаровски и СДС им служеле само за домашен фолклор.

Стево Пендаровски ја носи Македонија само во нови понижувања и мизерни ситуации. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.