Новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите, најавува дека ќе биде транспарентен, но веќе на првото прашање за отворање на предмет поради издавање на документи без „cеверна“ – не даде одговор одговор.

Тој вети дека ќе биде отчетен, но не кажа дали Обвинителството ќе започне предистрага за лицата во МВР кои изминатите години нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и не овозможиле издавање на документи со новото уставно име, како што требале да прават законски.

Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка  – рече Коцевски во изјавата за медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.