За Македонците, културен геноцид се сите документи во кои не научно, туку со политички притисок, се бара од нив самите да се откажат од македонството, од своите македонски корени, да се откажеме самите од себеси, од Македонците во Пирин и во Егеј, да се откажеме од македонскиот просторен и временски јазичен континуум, што постои илјадници години и продолжува да постои и денес, во Македонија, во сите соседни држави и насекаде каде што живеат Македонците, вели во својата колумна за „Нова Македонија“ претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

Срцевината на проблемите во ЕУ е неуспехот на концептот „секој граѓанин станува наднационален, космополит, граѓанин на светот“. Тоа е и единствена причина за смртта на Македонија: граѓанскиот концепт на државата соочен со национализмот на соседите, особено на ЕУ-членките, придонесе, за што исклучиво се виновни (дел од) македонските политичари, Македонија да се откаже од Македонците. Дали има излез од оваа состојба? Да – овој мој позитивен пристап ќе го поткрепам повторно со стихови: „Тука најсилно со векови / Ѕвонат црквите македонски“, па затоа „Ѕвонете со камбаните кои сè уште можат да ѕвонат / Заборавете на вашата совршена понуда“, заборавете на лажната и недостоинствена ЕУ понуда – „Во сè има пукнатина / Така влегува светлината“… така за навек влегува светлината на македонството, пишува тој.

Целата колумна на „Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.