Денес одбележуваме 22 години од еден немил би рекол крвав настан кој на кукавички начин загинаа во заседа 8 припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.

И традиционално во Општина Бутел пред овој скромен споменик оддаваме почит на овие херои кои што го дадоа животот за нашата држава. Во оваа прилика би сакал да упатам еден апел до министерката за одбрана Славјанка Петровска, бидејќи слушнав дека пред некој ден таа даде изјава дека чека веќе подолго време од општина Желино дозвола за изградба на достојно спомен обелјежие за загинатите од Карпалак. Јас сакам во оваа ситуација да и упатам директен апел дека општина Бутел и јас како градоначалник сме спремни веднаш да изнајдеме локација и простор секако согласно закон и целосна документација за спомен обележја за овие 8 загинати бранители кои што на денешен ден го загубија својот живот да имаат конечно едно достојно спомен облежје изградено од државата, за која што тие се бореа и го дадоа животот.

Се надевам дека одговорот ќе биде позитивен и за многу кусо време општина Бутел во сорабтка со државата, поточно со Министерството за одбрана ќе изнајде конечно едно решение за достојно да го чествуваме овој ден кој што не потсеќа за жртвата која што е дадена за нашата држава Република Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.