„Досега покажавме дека никој не е недопирлив и дека не се мешаме во работата на судството. Досега бевме навикнати да гледаме нарачани пресуди, судски одуки, имавме заштитени ликови кои и покрај цел криминал си седеа во фотелјите. Сега докажавме дека тоа не е веќе така“ кажа пратеничката од СДСМ и предлог кандидатка за министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска со емисијата „200“ на АлсатМ.
Таа додаде дека случајот со Рашковски е класичен пример дека никој не е над законот и дека нема недопирливи, бидејќи против него, како близок соработник на претходниот премиер, се води случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.