Граѓаните трошат илјадници денари за тестови, испитувања, терапија за ковид. Тестирање покриено од Фонд за здравствено осигурување е како добивка на лото… Или евентуално благодарение на дебели врски… Бројките растат, Комисијата за заразни болести се договара да се договори, болниците се полнат…

За дваесет заболени и денешната бројка ќе беше орвеловска – 1984.
Настрана што сигурно е десеткратно поголема.
Али Комисија вика ќе размислеле за дополнителни мерки.
Онаа несреќана Филипче викаше не можело нови мерки за секој нов сој.
Државата не обезбедува ништо, ни тест, ни лекарства, или можеш да се начекаш 2-3 недели и што ти вреди после.
Ниедна мерка не се презеде малку барем да се успори ширењето пред празниците.
И каде нема систем и институции, наместо од градуалност ќе се отиде директно на задолжителност, што на крај можеби е и неизбежно, но избежно беше после толку време да се оставиме само на тоа решение.
Сите сакаме нормалност после 2 години тоа е повеќе од јасно, и никој не заговара рестрикции, ама можеше да се направи многу повеќе, да се наметне малце ред и воздржаност, да се потрошеа реално пари за здравство и за финансиски олеснувања за тестови и лекарства.
Јебига, се троши на порцелан.
И на се тоа викаат не треба нови мерки.
Се збори само за енергетска криза, за економски стандард, не знам кој стандард кога еден болен со сите салтанати кошта 300-500 евра само прва недела дена.
Кризата од ковид и психозата од ковид комплетно се заборавија во Македонија – коментира аналитичарот Ивор Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.