Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ, со Фејсбук статус им се обрати на граѓаните по вчерашниот изборен ден.
„Честитки за граѓаните кои достоинствено, во фер и демократска атмосфера, учествуваа во изборниот процес и придонесоа за демократскиот и институционалниот напредок. Изразувам посебна почит и благодарност кон граѓаните кои гласаа за коалицијата предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски“ напиша Костадиновска Стојчевска.
Според неа, тоа е потврда за важноста на европската иднина на државата, од која тие нема да се откажат.
„Гласовите кои ги добивме се обврска и мотивација да продолжиме напред и продолжиме да го следиме националниот интерес“ напиша министерката за култура.
Таа им честиташе на сите пратеници во новиот состав на Собранието, посочувајќи дека токму овие избори се новиот почеток на СДСМ.
„Изборниот резултат е одговорност на сите нивоа“ – заклучи таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.