„На 23 Октомври ја чествуваме македонската револуционерна борба и сме свесни дека таа наша борба живее во мислите на секој македонски граѓанин, секој ден, со секое сеќавање и со секоја наша мисла за подобро утре“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по пово 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Во честитката за празникот Костадиновска-Стојчевска уште пишува дека „со секое спомнување и сеќавање на македонската борба се инспирираме од мисијата на цела плејада личности кои низ вековите ги вложија своите ангажмани и животи во создавањето и чувањето на македонскиот идентитет и на македонската држава. Нашата мотивација за денешната современа македонска борба се токму визионерите кои ги препознаа историските моменти да преземат одговорност и да носат големи одлуки за доброто на народот“.
„Така беше трасирана иднината за народот на Македонија во револуционерниот период, за да живее во своја држава, еднаква со сите други на меѓународната сцена, со стремеж еден ден да бидеме горда земја членка на заедницата на европските народи – Честит 23 Октомври“, истакнува на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.