Успеавме и докажавме дека можеме.

Средното општинско училиште Никола Карев ги испорача првите шкафчиња во Основното училиште Никола Вапцаров како дел од проектот шкафче за секој ученик, напиша на фејсбук профилкот Костадин Костадиновски.

Со ова основците добиват свој простор за да не мора да ги носат сите книги од дома на училиште, но и среднистите од стручното училиште од дрвната струка добиваат поголема пракса, дополнително училиштето обезбедува повеќе приходи.

Браво за директорот на Никола Карев, за професорите кои со голем ентузијазам влегоа во целиот проект и огромно БРАВО за учениците кои ги изработија производите.

Докжавме дека можеме и дека успеваме.

Проектот шкафче за секое дете продолжува и понатаму.

Зборот е збор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.