Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска заедно со американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс во скопската касарна Илинден го поздравија завршувањето на заедничката обука на поморските специјални сили на САД, ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили на Армијата.

Ова го покажува нашето силно заедништво и сојузништво, што е особено важно сега кога Русија грубо го нападна територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа, напиша министерката Петровска на нејзиниот фејбук профил.

Таа во објавата додава и дека македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина.

Безбедноста на нашата земја е гарантирана, нашата јавност треба да биде сигурна дека државниот врв будно ги следи состојбите и ги превзема сите мерки за гаранција на безбедноста, објави министерката за одбрана Петровска на ФБ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.