На денешната трибина во Битола во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”, ВМРО-ДПМНЕ организираше трибина на тема „Надворешна политика” каде свое воведно обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски кој што истакна дека задоволство е да се биде домаќина на трибината во Битола како град на конзулите, дипломатијата и град на културата.

Чест и задоволство е да се биде домаќин и од овде да тргне караванот на 12 те трибини во вториот дел на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Битола не е случајно одбрана, Битола како град на конзулите, како град на дипломатијата, град на културата. Го предводам тимот 15, посетивме 8 населени места впечатокот од сите места е уникатен, тежок живот, посетивме рурални средини, луѓето зборуваат за земјоделието, за енергетиката, за немаштијата, за тешката економска состојба со која се соочуваат но и за отфрленоста од државата. Луѓето се чувствуваат запоставени од државата тешко се живее, ако на сето тоа се надополнат и сите оние афери и криминалот разнебитувањето на државата по сите основи, буквално се е руинирано“, нагласи Коњановски.

Градоначалникот на Битола, Коњановски рече и дека кога стапил на функцијата Битола ја наследил многу запоставена во сите области на живеењето.

Битола кога ја наследив беше запоставена во сите области на живеењето. Многу ветени проекти во минатото ништо не реализирано. Но тука сме да ја отвориме општината и да работиме, имаме многу проекти за реализирање. Се работи на привлекување на нови инвестиции во индустриската зона. Имаме готови проекти на кои што се работи. Во делот на туризмот Битола е преполна со туристи секој ден настојуваме оние клучни места кои значат нешто за Битола во нив да се инвестира. За два дена ја отвораме куќата на Европа во Битола“, нагласи Коњановски.

Коњановски додаде и дека за запоставеноста од страна на власта и односот кон Битола говори и фактот што во минатото имало 15 конзуларни претставништва а сега има само 7 ефективни.

„Битола е град на конзулите, 15-тина конзуларни претставништва имаше, сега ги имаме само 7 ефективни почесни конзулати 2 генерални на Грција и на Бугарија. Сето тоа ни говори за односот на државата спрема сето она што значи однос спрема странците“, истакна Коњановски.

Градоначалникот Коњановски истакна дека неговиот тим ќе продолжи следниот викенд со посета на 15-тина мапирани населени места за да се сретнат со населението и да ги слушнат проблемите на граѓаните.

„Тимот продолжува викендот кој следи, 15-тина населени места веќе се мапирани ќе се трудиме заедно со луѓето од тимот да ги посетиме и потоа преоѓаме на територијата на Новаци и Могила, рече Коњановски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.