Расте довербата на граѓаните во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека пак рапидно се намалува кај владејачката СДСМ покажува компаративната анализа на мерење на рејтингот на партиите на Институтот за политички истражувања ИПИС Скопје од јануари и февруари месец која се презентираше во вчерашната емисија „Објектив“ на МТВ.

Расте расположението за промена

На прашањето доколку следната недела има парламентарни избори дали ќе излезете на гласање во изборна единица единица во јанари дека сигурно ќе излезат на гласање се изјасниле 40.5 проценти, додека во февруари процентот порасналл на 44.8 проценти, односно зголемување од 4 проценти. Промена во процентите има и кај оние испитаници кои рекле дека нема шанса да гласаат, односно од 22.2 проценти во јануари, сега во февруари се смалува на 18.3 проценти.

На истото прашање во изборната единица пет, има зголемување во процентот на испитаниците кои би излегле на гласање. Па така споредбено во јануари одговориле дека ќе изгласат 41.1 процент, додека во февруари истиот процент се зголемува за дури 7 проценти односно на 48.6 проценти. Со одгоожвро нема шанса за гласање процентот се намалил, односно ако во јануари одговориле дури 22.9 проценти дека нема да излезат на гласање, сега во февруари расположението се зголемува односно на 16.8 проценти.

Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ

На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентари избори, ВМРО-ДПМНЕ во јануари имале рејтинг од 20.6 проценти, а во февруари 21.1 процент. СДСМ во јануари имал 10.4 проценти, додека во февруари 10.1 процент односно минус за некој процент Кај останатите партии ДУИ, Левица, Европскиот сојуз за промени, ЗНАМ, Алијанса за Албанците има прогрес за некој процент во позитивна смисла.

Има намалување во процентот на оние испитаници кои не сакаат да кажат за која партија би гласале односно од 16.8 проценти во јануари, во февруари се намалил за над 3 проценти однсоно 13 проценти, додека пак се зголемил процентот кај испитаниците кои не сакале да кажат за која партија би гласале, па така од 15.1 процент во јануари, сега во февруари се зголемил на 25 проценти.

И во изборната единица пет, расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Па така во јануари се изјасниле 19.8 проценти, додека во февруари 22.1 процент. За СДСМ довербата се намалува, односно од 13.6 проценти во јануари, сега во февруари истиот се намалува на 13 проценти. Во позитивна насока се движат останатите партии ДУИ, Левица, Алијанса за Албанците, ЗНАМ во петтата изорна единици. И тука се намалува процентот на граѓани кои рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, а се зголемил повторно процентот на оние кои се уште сакаат да држат во неизвеснот односно не сакале да кажат.

Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат победник

На прашањето за која партија сметате дека ќе победи на следните парламентарни избори, туку повторно во голема предност е ВМРО-ДПМНЕ. Па така, во јануари ВМРО-ДПМНЕ имале процент од 28.1, додека во февруари има процент од 32 проценти, или дури 4 проценти зголемување за само еден месец.

За СДСМ од 8.3 проценти во јануари, во февруари имаат процент од 10.4. Позитива има и кај ДУИ, Левица, Европскиот сојуз за промени, додека Движењето ЗНАМ има пад во првата изборна единица, а Алијанса на Албанците останала на истото ниво.

На истото прашање во петтата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ има 28.4 во јануари, а 31 процент во феврауари. Додека пак СДСМ во петата изборна единица белеши минус, па така додека во јануари имала 14.2 проценти, сега во февруари има 13.2 проценти. Мал скок во некој процент има кај ДУИ, Европскиот сојуз за промени, Левица, ЗНАМ и Алијанса на Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.