Веќе цела недела воопшто не е во функција системот на Фондот за здравствено осигурување за продолжување на боледувањата во лекарските комисии. Покрај ова, заради нефункционалност на системот има неможност за остварување на права за кои е потребно мислење и за остварување на право за специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, мислење и за повреда на работа и професионално заболување,мислење за потреба од издавање двојазичен образец, мислење за лекување како итен случај во странство.

Прашуваме:

Каде се двајцата директори на ФЗОМ да излезат во јавност со информации кога би се решил проблемот, а недостасуваат информации и за преземените активности. Како и зошто и покрај забелешките на Државниот завод за ревизија, нема конктетни преземени мерки.

Иако веќе неколку години ФЗОМ има проблем со кадар во оваа област, сепак изминатиот период даде фокус на вработување административен кадар.
ФЗОМ и МЗ имаат средства за разно разни раководители, помошници, соработници, координатори, водејќи нула грижа за своите осигуреници и медицинскиот кадар
Зошто надлежните институции воопшто не водат грижа за своите осигуреници кои редовно со години наназад плаќаат придонеси за здравствено осигурување за сега да не можат да добијат надоместоци сите ранливи категории кои користат боледување

И овој пат на дело се покажа тоа што Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ реагираше во неколку наврати – неефикасната администрација нема капацитет да решава проблеми, туку да ги создава и затоа потребно е веднаш да биде преземена одговорност и оваа Влада да замине час поскоро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.