Клиниката за онкологија е уште еден пример за недомаќинско работење и нула грижа за пациентите како и низа други установи во јавното здравство. Зошто нема редовна терапија за пациентите? прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
На Клиниката за онкологија не се донесени медицински протоколи и нема критериуми кои треба да ги исполнува пациентот за да прима биолошка терапија и за ова не се носеле одлуки од страна на стручниот колегиум, ова го покажува извештајот на Државен завод за ревизија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Според нив, постои ризик од субјективно и селективно определување на лекови за кои се одобрува условниот буџет, оттука и биолошката терапија не е еднакво достапна за секој пациент.
Дискриминирачки пристап кон пациентите спротивно на член 8 и член 112 од Закон за здравствена заштита “Начелото на континуираност на здравствена заштита се обезбедува со функционално воспоставен систем на организација на здравствена дејност на сите нивоа на здравствена заштита од примарно преку секундарно до терцијарно ниво, на начин со кој е овозможена континуирана здравствена заштита на населението во секое време“.
Клиниката за онкологија во 2016 година од Министерството за здравство добило акцелератор, но наместо да се користи за болните од канцер, го ставила апаратот во царинско складиште и досега се платени над 1.1 милиони денари за целиот период на чување. Во меѓувреме на апаратот му истекла и гаранцијата, додаваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Според нив, пресметката и исплатата на плати и надоместоци на плати не е во согласност со одредбите од Поединечниот колективен договор на Клиниката.
Од ракав се далат решенија за работно место и коефициенти за плата. Стручен колегиум не функционира. Сето ова говори за комплетно самоволие од страна на раководството на Клиниката кое еднострано одлучува кои лекови од биолошката терапија ќе се набавуваат, а притоа немаме почитување на законите, велат од Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.