Доволно е половина час да поседите тука, на мостот на влезот во Кондово, и сигурно ќе забележите барем едно од комбињата кои порано возеа на „Беса Транс“, а сега со извадени ознаки и на диво превезуваат патници од и кон Скопје, а за викендите малку поамбициозно – тури до Попова Шапка, вели репортерот на „Телма“ Огнен Чанчаревиќ кој истражуваше, чии се овие комбиња, кој е фирмата и зошто никој не ги контролира.
Ова е снимка направена непосредно по трагедијата во Бугарија на која јасно се гледаат двете комбиња паркирани пред семејната куќа на Хаџиу во Рашче. Ова е снимка направена викендов а денеска комбето повторно возеше патници. Трите необележани комбиња кои успеавме да ги снимиме како превезуваат патници од Рашче до Бит Пазар и до Попова Шапка, сега имаат приватни сопственици. Еден од нив е Бурханедин Ковачи, поранешен вработен во „Беса Транс“ пријател и соселанец на сопственикот Хаџиу, нешто што може да се види од фотографиите кои ги споделува на социјалната мрежа „Фејсбук“. Другиот сопственик е жител на Кондово, за кого нашите извори тврдат дека бил еден од возачите во „Беса транс“, пренесува „Телма“.
Ковачи се јавува и како сопственик на фирмата „Ројал травел“ основана еден месец по трагедијата во Бугарија со капитал од 2,7 милиони денари. „Ројал Травел“ има и подружница „Аљди Транс“ која заедно со „Беса Транс 2“ секој викенд вози до Попова Шапка а турите ги рекламира на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Целата сторија на Телма
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.