Звучи парадоксално но вистинито. Македонија колку повеќе договори потпишува со Бугарија толку има полоши односи.Почнувајќи од Добрососедството меѓу Заев и Борисов, па прегратките меѓу Петков и Ковачевски,  се до францускиот предлог односите меѓу двете земји никогаш не биле полоши.

Во меѓувреме имавме и неколку договори на договореното или т.н анекси“ кои ако некогаш ги почнеме преговорите ќе се видат колку штета ни нанеле. Не за џабе се вели дека „ѓаволот се крие во деталите“ или во она што е напишано со ситни букви.

Дека двете членки на НАТО имаат најлоши односи од независноста се виде и на одбележувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Скопје во саботата личеше на воена зона небаре ни се спрема десант од горе или окупација од внатре.

Затоа ја замолуваме власта да не потпишува повеќе договори со источниот сосед, и овие што ги имаме ни нанесоа доволна штета од која нема да се опоравиме долго време.

Османи и Ковачевски ќе си заминат, но последиците ќе останат.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.