Градежната механизација е активна на терен во село Раштани, каде во тек е реконструкција на улица со завршен бетонски слој, информира градоначалникот на Велес Марко Колев.
Тој соопшти и дека се завршени градежните активности за реконструкција и бетонирање на крак од улица „Трајче Петкановски“ во населбата Превалец во близина на Велес.
Воедно, во селото Сојаклари е отпочната изградба на нова улица „1“ и еден крак. Колев најави дека во наредните денови ќе започнат активности за партерно уредување и поставување на урбана опрема на детско игралиште во ова велешко село.
Градоначалникот посочи дека овие проекти во село Сојаклари се кофинансирање на Бирото за регионален развој и Општина Велес.
– Рамномерен развој на сите делови од Општината е неопходен. Продолжуваме посветено, за поубав Велес. Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат, нагласи градоначалникот Колев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.