Американскиот специјален пратеник Џејмс Рубин, поранешен дипломат, портпарол на Стејт департментот за време на Бил Клинтон и „десна рака“ на американската државна секретарка Медлин Олбрајт, oд денеска е  во посета на Западен Балкан меѓи кои и Скопје.

Тој доаѓа првпат по 23 години во регионот, а тема на посетата ќе биде влијанието на Русија, но и прашањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина, спроведувањето на договорите постигнати во Брисел и Охрид,као и борбата со дезинформациите..

Рубин смета дека ова е „време на голема надеж на Балканот“ и да се стави крај на конфликтите, но, оти ќе биде исклучително тешко.

Тој е поранешен американски дипломат и новинар, а на јавноста и е најпознат како помошник државен секретар на САД за односи со јавноста во администрацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон од 1997 до 2000 година. Тој беше и главен портпарол на Стејт департментот и  десна рака на секретарката Медлин Олбрајт.

По заминувањето на Клинтон, тој се пресели во Лондон и работеше како визитинг професор по меѓународни односи на Лондонската школа за економија. Тој беше член и на предизборниот тим на Хилари Клинтон во 2008 година, а потоа отиде во медиумската куќа „Блумберг“.

Неодамна направи кам-бек во Стејт департментот откако државниот секретар Ентони Блинкен го назначи за специјален пратеник и координатор на Центарот за глобални прашања.

Тој беше оженет со главниот меѓународен дописник и водител на CNN, Кристијан Аманпур со која има син.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.