Спасовски во обид да се спаси, дополнително се негира и се понижува пред цела јавност.Откако пред 10 дена тврдеше дека не го барале возилото на велешанецот Панче на системот „Безбеден град“ затоа што не знаеле дека е исчезнато и возилото, вчера вечер призна дека знаеле и за возилото но за кое внимавајте, немало пријава дека било украдено, туку дека не било ТУКА (!?), односно се претпоставува дека исчезнатиот, а подоцна и убиениот Панче – заминал со него, објаснува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, излажа дека не знаеле за возилото и Второ, откако призна дека возилото не било ТУКА, туку дека заминало со исчезнатиот, зошто не е барано со централна објава?Кога лажеше Спасовски?, прашува пратеникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.