Силното невреме што синоќа го зафати Кочани полави повеќе објекти. Пријавени се паднати дрва по улиците како и искинати електрични кабли информираат од Центарот за управување со кризи.

Екипите на ТППЕ Кочани се излезени на терен и работат на испумпување на поплавените објекти. Од командирот на ТППЕ Кочани побарано е помош од околните ТППЕ единици за да интервенираат и тие, а побарана е помош и од ДЗС. Во текот на ноќните и утринските часови се интервенирало на повеќе улици и локации во градот на испумпување на вода и средување на просторот од паднати дрвја, како и две помали противпожарни интервенции. Во интервенцијата учествувале сите пожарникари од ТППЕ Кочани 15 лица, 22 пожарникари од доброволното против пожарно друштво-Кочани ,со сите ппмв и 4 пожарникари од ТППЕ Штип, се вели во информацијата од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.