Претстедателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, го изрази својот став и на партијата со која раководи, во врска со Отворен Балкан, иницијатива која неодамна ја напушти владата не Република Албанија.
„Сакам да ги уверам граѓаните дека Алијансата за Албанците се оградува од секоја нова иницијатива на Владата на Република Македонија во рамките на веќе прекинатиот механизам познат како Отворен Балкан„, напиша Таравари.

Тој Оценува дека со излегувањето на Република Албанија од Отворен Балкан, овој механизам станал бесмислен и нелегитимен.

„Дупликативните и неинклузивните механизми кои создаваат Западен Балкан со две брзини, не му помагаат на интегративниот дух во регионот. Патот напред е јасен: веќе потпишаните договори во рамките на Отворениот Балкан мора да бидат целосно интегрирани и имплементирани во рамките на Берлинскиот процес, почнувајќи од октомврискиот самит во Тирана„, е ставот на Таравари и на неговата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.