Оваа Влада искрено и силно е посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ. Денес нашиот приоритет останува поттикнувањето на развојот и афирмацијата на македонскиот јазик како наш постојан влог за неговата иднина. Иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина. Јазикот е жива материја и најочигледно ќе покаже дека се грижиме за него преку начинот како го говориме, како го пишуваме и како го читаме македонскиот литературен јазик. Да го чуваме, унапредуваме и достојно да го предадеме на сите генерации после нас, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на 5 Мај- Денот на македонскиот јазик.

Ковачевски порача дека Владата е посветена на негувањето на македонскиот јазик, како национален и културен идентитет.

Ја продолжуваме поддршката на голем број книжевни дела од издавачката дејност на Институтот за македонски јазик, како придонес за збогатување и унапредување на македонскиот јазик. Македонскиот јазик е јазикот на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Даница Ручигај, Анте Поповски, Славко Јаневски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, ВиДЕО Подгорец, Оливера Николовска и многу други претходни и сегашни литерати кои оставија илјадници книги напишани од нивното македонско перо, истакна Ковачевски.

Гафот може да го чуете после 32 минута:

Тој посочи дека денес имаме вистинска мала армија на македонисти во светот, студенти на универзитетите во Анкара, Истанбул, Риека, Будимпешта со до-дипломски и постдипломски студии и низа други универзитетски центри во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.