„Јас би сакал пречката која што е на нашиот пат кон ЕУ да биде Холандија и нејзиното барање да се справиме со криминалот и корупцијата. Дури и Холандија да ни стави вето не би се бунтувал бидејќи има високо ниво на корупција и криминал во Македонија“, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на тв 24 одговарајќи на прашањето дали уставните измени се пречка за започнување на преговори со ЕУ.
Клековски посочи дека стравува и да се промени Уставот на Македонија, Бугарија можеби би имала нови и нови барања.
„Затоа јас сметам дека не треба да го промениме Уставот додека не видиме знаци на добра волја од Бугарија“, рече тој.
„Во меѓувреме треба да се справиме со криминалот и корупцијата за да не добиеме вето од другите земји членки на ЕУ“, истакна Клековски.
Тој додаде дека секој граѓанин во државата посакува Македонија да стане членка на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.