Kaтица Ќулавкова на Фејсбук потсетува дека ако една држава покажува историски, културни и јазични аспирации спрема историското, културното и јазичното наследство на друга држава, тоа значи дека таа има територијални аспирации.
Културно-историските аспирации се другото лице на територијалните аспирации;
– Негацијата на идентитетот на едно културно-историско наследство е, де факто, негација на националниот идентитет;
-Негацијата на националниот идентитет е негација на правото на државотворност и сувереност.Вклучувањето на едно невидливо малцинство (бугарското) во македонскиот Устав како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ (македонскиот);
-Невклучувањето на многубројното македонско малцинство во бугарскиот Устав не само што не е цивилизиран потег, туку е потврда на еден константен политички и културен хегемонизам;
Според неа, не може меѓународно нелегитимни и културоцидни критериуми да бидат предуслов за добивање државјанство.
Етничкото потекло е само еден можен, но не и еднинствен, ниту пресуден чинител за добивање нечие државјанство. Етничката припадност е прашање на лична, колективна и суверена волја, свест и традиција, а не последица на административни притисоци. Но, и таквите административни притисоци се показател за еден опсесивен сон…- Националистичките платформи и негаторските рамковни позиции се облик на политички колонијализам. Тие се ѓаволски круг од којшто може да се излезе само со соодветна терапија, а не со продлабочување на патолошката состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.