Министерката за одбрана Славјанка Петровска во утринското гостување во емисијата Утрински брифинг, на прашањето кога Mакедонија ќе има жена генерал, изјави дека е подготвена да поддржи такво решение. На прашањето дали за тоа Армијата има соодветни кандидатки, Петровска одговори:

Од моето неколкумесечно искуство и директна соработка и работа со персоналот и во Министерството и во Армијата, бидејќи кандидатката треба да биде воено лице, апсолутно сметам дека да – имаме таков потенцијал и мислам дека тоа е нешто што треба да се валоризира, не само заради тоа што некој е жена, туку заради тоа што навистина поседува квалитети. Во тек во Министерството за Одбрана и Армијата се проекти кои ги работиме заедно и со Канцеларијата на Обединетите Нации и со DCAF кои се однесуваат на таргетирање на родово сензитивни прашања – тие вродуваат со огромен успех и се разбира дека секогаш ќе ја имаат мојата политичка поддршка за тоа!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.