Театар за јавноста во еден таков гломазен состав, што го нарекуваат лидерска средба, нема да ги донесе решенијата на проблемите кои му се аларамантно потребни на народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборивајќи за актуелното прашање за лидерска средба. Тој не должеше многу и јасно кажа дека ќе присуствува на лидерската средба, но никако нема да прифати уставни измени.

Намерите на власта за лидерска средба се јасни. Тие очекуваат јас да одбијам присуство на таква средба затоа што ќе се разговарало за уставни измени и европски интеграции. Веднаш по ваквиот чин ќе следи напад дека ВМРО-ДПМНЕ било антиевропско и дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирано затоа што сите партии со албански предзнак ќе присуствуваат на средбата. А доколку има мали шанси ВМРО-ДПМНЕ да присуствува, тогаш оние платени мегафони на власта веднаш ќе раскажат „аха значи Мицкоски е подготвен на уставни измени“. И знам дека изгледа детски, но тоа е нештото што Ковачевски го нарекува план, а што и друго да се очекува. Бидејќи ова им се дилемите, да им ги расчистам. Ќе дојдам на лидерската средба, ќе кажам јасно и гласно, не преку соопштенија или штури брифинзи преку какви владата ја најавува оваа средба, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина се разговор за реалните проблеми на народот кој е гладен, а чиј излез, знаеме и тука ние и целата јавност, се изборите. А што се однесува за уставните измени, тоа прашање е затворена тема затоа што уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија. И исто така треба да знаат дека народот добро проценува и сакам да престанат сите шпекулации дека имало каков било премолчен договор или заткулисна игра за промена на уставот. Најдобар доказ дека власта нема мнозинство за промена на уставот е оваа лидерска средба која на површина ги изнесува лагите на Ковачевски и неговата влада околу оваа тема. Не би имало лидерска ако тие имаа мнозинство. Јас како човек ниту уцени прифаќам, ниту пак зад завесата договорам, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.