Докторот од примарното здравство и претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, Ненад Лазаров, упати јавен апел пациентите административно да се врзуваат со здравствената установа, зошто во спротивно, вели тој, ќе мораме да затвораме ординации.
ЈАВЕН АПЕЛ
Почитувана јавност,
Кога матичен лекар си заминува од една ординација, пациентите автоматски остануваат без избран лекар а на ординацијата не и се исплаќа капитација за тие пациенти иако во истата ординација има активен лекарски тим кој им е достапен и кај кој ќе се јават при прва потреба.
Освен што е неправедно, претставува и причина за затварање на ординации бидејќи финансиската штета е неиздржлива,требаат месеци да се преевидентираат пациентите.
Затоа бараме итно да се промени ова правило и пациентите административно да се врзуваат со здравствената установа во која ќе можеме непречено и без пречки да ангажираме колеги, бидејќи се поизразен т.е. алармантен е дефицит на лекари и се помал е интересот за работа во примарно здравство што не води кон колапс на истото.
Во спротивно, ќе мораме да затвораме ординации, не само како знак на протест туку и заради неодржливост на истите.
Веќе 10 години се борам на моите пациенти да им обезбедам континуитет во здравствената заштита, но веќе е неизводливо, помогнете ни да ви помогнеме!, пишува Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.