На апели дека младите лекари идни специјалисти, иднината на здравствово земаат месечен хонорар близу минималецот и не им се платени дежурства, ќутите скоро сите, зависно кој е позиција кој опозиција!, вели д-р Ненад Лазаров во пост со кој застанува во одбрана на лекарската фела и кажува низ што сè поминуваат оние што работат во македонското здравство.

Ќутите и за 5 сменети министри у 6 години у најсензитивен ресор!
Ќутите коа флагрантно местат раковотство на Лекарска Комора,која утврдува лекарска грешка!
Ќутите и ФЗО кога го јаваат и цело време нема пари и секој ден за нешто собираме со пораки,кутии…
Ќутите живи луѓе кога гореа во болница!
Ама да колнете и грдите се лекарско за се што се случува, први сте, тука нема партија. Само сендвичари, порачува тој.

За споредба ги дава и платите кои ги земаат лекарите специјализанти во Македонија и оние на нивните колеги од Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.