Движење против коцкање најави дека ќе ги објави сите имиња на сопствениците и сите кои се вмешани во казината во земјава, со цел да се види кој стои зад игрите на среќа во Македонија и кој ги штити нив.

Ние се подготвуваме за сите босови, да ги наречам така, тргнувајќи од политиката до најмалиот човек кој е вмешан во игрите на среќа. Ќе ги објавиме со име и презиме. Исто така, во последна фаза сме од подготовките на протестот што планираме да го одржиме пред владата и собранието. Вистина е дека има и политичари кои се вмешани и луѓе од политиката во Владата, но сите овие имиња ќе ги објавиме, вели Јуши Емурлау од „Движење против коцкање“.

Во Македонија намерно не се гласа законот за игри на среќа, вели Јуши Емурлау кој додава дека таму се перат нечисти пари кои им одат во прилог на тие кои се вмешани во ова.

Ова одлагање до сега го правеше власта, тргнувајќи од владата па до министерството за финансии. Законот помина во комисијата за буџет и финансии но го одложија и го вратија во влада. Неколку месеци законот е во фиоките на Министерството за финансии и не смета дека е потребно законот да се испрати во собрание. Затоа апелираме овој закон итно да се испрати во Собранието на Македонија, како што е подготвен, 500 метри е воздушна линија до таму. Иако ние не го прифаќаме овој закон, сепак треба да се испрати во Собрание за да видиме кои се тие луѓе што се против новиот закон за затворање на казината во Македонија, вели Емурлау.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.