Кинолозите апелираат веднаш да се донесе Закон за чување и одгледување кучиња во домашни услови по примерот на другите европски земји за да не се случуваат вакви трагични случаи.Скопје е еден од ретките европски градови кои немааат вакви регулативи,велат тие.

Во Европа постојат ригорозни закони за со кои се ограничуваат условите под кои се чуваат определени раси кучиња, особено оние кои спаѓаат во видот на поагресивни, објаснува за ТВ Сител, Стефан Кирков кој има долгогодишно искуство во оваа сфера.

Кога се работи за тоа кои раси се агресивни или не, Кирков вели дека има многу предрасуди и контрадикторни мислења, но на крај главен фактор е сепак начинот на кој се одгледува таквото куче.

Во повеќе држави во САД постојат таканаречени црни листи на агресивни раси на кучиња која циркулира кај осигурителните компании, меѓу кои се питбулите, мастифите, хаските за кои тие одбиваат да ги осигураат сопствениците во случај нивното куче да нападне некого.

Извор: ТВ Сител



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.