Министерот за здравство, Беким Сали, одржа средба со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Зуо, кој според министерството за здравство, е докажан пријател на нашата земја, кој секогаш е подготвен да даде поддршка за македонскиот здравствен систем.

На денешната средба разговаравме за забрзување на процесот за ИМП со 30 нови амбулантни возила и од страна на амбасадорот Зуо беше истакната заложбата за нивно што поскоро пристигнување. Во оваа прилика му се заблагодарив на амбасадорот Џанк Зуо и на народот на Народна Република Кина како наши големи поддржувачи во справувањето со ковид пандемијата – посочи министерот Сали.

Од министерството за здравство информираат дека на средбата било договорено и зајакнување на кадарот во Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.