Семејството на 74-годишниот велешанев Панче Жежовски 10 дена живеело во агонија, без никаква информација дали е жив или мртов.

Ќерката на пензионерот за Алфа раскажува дека дури сега ги дознава деталите за грабнувањето и за убиството на нејзниот татко.

Не знаевме. Сето ова што го слушаме е ново за нас. Не знам ништо и не можам ништо повеќе да ви кажам. Јас колку што знам, татко ми немал закани и притисоци во минатото – изјави Македонка Жежовска за Алфа ТВ.

Македонка два дена по исчезнувањето на нејзиниот татко преку социјалните мрежи побара помош тој да биде пронајден. Таа тогаш објавни фотографија и од него, но и од автомобилот „цитроен“ за кој подоцна се испостави дека бил употребен за киднапирањето на Вања.

Според полицијата и Обвинителството, пензионерот Панче бил убиен оти должел околу 500 евра, но и за да му биде одземен автомобилот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.