На огласот за вработување во ГОБ „8 Септември“ вработенa е ќерката на пратеничката Мира Стојчевска, познатата како Мира Дизел. За вработувањето на Александра Стојчевска сведочат вработени во ГОБ, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Вработените прашуваат дали ГОБ „8 Септември“ наместо да вработува квалитетни кадри, станало дувло на партиските кадри на СДС.

Во период во кој Владата на СДС-ДУИ го урна здравствениот систем со ова директно ги демотивира младите кадри со праќање вакви пораки за вработување на партиски кадри.

Со ова Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кои продолжуваат да си заминуваат од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри“ – велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.