Додека повеќе од еден месец, учениците од основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка ја бојкотираат наставата поради незаконско воведувањето на паралелка на албански јазик во населено место само со Македонци, излегува на површина причината за сервилноста на ВД директорката, Елена Николова, кон надлежните образовни институции, со кои раководат кадри на ДУИ и на Алијанса на Албанците.

Имено, за послушноста и лојалноста на Николова, нејзината ќерка од неодамна е вработена како советник на директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фератов, кој сега ја турка приказната околу отворањето паралелка на албански јазик, во место каде што нема никаква логична оправданост.

За личните интереси на директорката Николова, денеска во колумна за „Нетпрес“, откри Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија.

По одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината Чашка од ООУ „Тодор Јанев“ – Чашка и разрешување на директорот, министерот Јетон Шаќири ја назначува за ВД директор одделенската наставничка Елена Николова. Таа треба да ги извршува сите одлуки по барање на министерот и директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, без учество на органот на управување (незаконски), односно, поконкретно кажано училиштето е оставено без орган на управување. За ваквиот незаконски и политички акт, ВД директорката Елена Николова, е наградена со вработување на нејзината ќерка Теодора Матиевиќ во Државниот просветен инспекторат-Советник на директорот Халит Фератов. А, покрај ќерката на ВД директорката, наградени ќе бидат со унапредување во повисоко звање и некои просветни инспектори.

Повеќе тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.