По 7 години спиење, ќе се носат 5 нови апарати во ГОБ „8 Септември“, ќе ги промовира, поточно ќе се слика министерот за здравство, Фатмир Меџити, но и покрај 5 нови апарати Одделот за нефрологија нема да има пак свој ехо апарат, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ
За информација станува збор за медицинска опрема за потребите на ГОБ „8 Септември“ Скопје или за систем за навигација за ОРЛ и база на череп, HD систем за ендоскопски процедури со гастроскоп и колоноскоп.
Инаку набавени се само 5 апарати за хемодијализа за потребите на нефрологија ГОБ „8 Септември“, но дали може да има Нефрологија без ултразвучен апарат, велат од Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.