Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.
Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста.
Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.