СДСМ и ДУИ немаат израден став дали ќе ги поддржат измените на Законот за локална самоуправа.Овој закон е важен бидејќи ако не се донесе ќе мора да има предвремени избори во општините чии градоначалници ќе станат министри.

За да се изласа овој закон е потребно 80 пратеници, слично како што требаше за законот за реоранизација на министерствата.

За измените е потребно двотретинско мнозинство и Бадентер, што значи дека ќе бидат потребни и гласови од опозицијата.

Предлагач на законот е Вреди, а го поддржува и  ВМРО-ДПМНЕ.

Новото законско решене предвидува в.д градоначалниците да може да ги водат општините се до одржувањето на локалните избори насен идната година, под услов да истекот повеќе од половина од градоначалничкиот мандат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.