Истото лице, кое во изборната кампања му се закануваше на кандидатот за гадоначалник на Прилеп Борче Јовечевски со „ќе си го најдеш и помалиот син во ендек фрлен како куче“, денеска испраќа закани по животот на малолетните деца на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Јавно ти испраќам порака, Христијан Мицкоски. Ако ти е мила фамилијата, седи си мирен, во спротивно ќе ги најдеш децата твои фрлени во некој канал како кучијна, пишува Роберт Тркалај, кој во описот на Фејсбук се претставува дека потекнува од родното село на Зоран Заев, Муртино.
Лицето Роберт има неколку профили на Фејсбук, Роберт Вретоски, Роберт Тркалај, Роберт Типчето…, но заканите се исти. Исти се и последиците што ги сноси – никакви.
Иако често читаме во полицискиот билтен дека МВР поднесува соодветни пријави против лица кои пишуваат закани или недолични содржини на социјалните мрежи, и по две години од заканите упатени до Јовчевски, полицијата не го спречува Роберт да се заканува во јавни објави на Фејсбук.
Не мора да сте му пријател на Роберт за да ги видите неговите закани, во кои и во двата случаја споменува деца. Овојпат малолетни. Неговите објави се јавни. Јавни се и објавите во кои Роберт ги споделува активностите на премиерот и на струмичкиот градоначалник.
Од друга страна, она што најмногу треба да биде јавно, видливо и забележливо, работата на Минситерството за внатрешни работи и на министерот Оливер Спасвски, не се гледа. Министерството на Спасовски е посебно чувствително на говор на омраза на социјалните мрежи, барем така се фали, но овој политички ангажиран профил и 2 часа од објавата не е блокоран, а против лицето не е поднесена кривична пријава.
За ширење говор на омраза и закани предвидена е кривична одговорност.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected], се фалеше МВР во слична ситуација.
За случајот со Јовчевски Роберт бил повикан во полиција на разговор и таму признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување. Сепак, како што гледате, истото лице и денеска шири говор на омраза и се заканува, а санкции нема. Освен тоа, на еден од профилите Роберт навел дека работи во Дрекселмајер во Кавадарци од јануари годинава.
Ниту пред две години ниту денес нема никаква реакција од невладините организации, борци за сечии права, но не и за правата на политичките неистомисленици. Нели, затоа што се (не)владини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.